Кац: Ердоган ги жртвуваше интересите на својот народ поради поддршката на Хамас
Израелскиот министер за надворешни работи, Израел Кац денеска на својот профил на мрежата „Икс“ објави дека турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган „уште еднаш ги жртвуваше економските интереси на турскиот народ поради неговата поддршка за Хамас во Газа“.
Во истиот пост, Кац потврди дека контактирал со организации во Америка и побарал од нив да престанат да инвестираат во Турција и да се воздржат од увоз на турски стоки.
Официјалното соопштение на израелскиот министер за надворешни работи дојде еден ден откако турскиот министер за надворешни работи Хакан Фидан го критикуваше Израел за забраната на турските воени товарни авиони да се приклучат на операцијата за доставување хуманитарна помош во Газа.
Тој вети дека Турција ќе одговори со низа мерки против Израел додека израелската Влада не прогласи прекин на огнот во Газа и не дозволи хуманитарната помош без прекин да се доставува во Појасот Газа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за…
Демократската унија за интеграција ја поздравува изјавата…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
Јакуп Хусеини е кандидат на ВЛЕН за…
Партијата Вреди денеска објави дека нејзин кандидат…
Путин: Земјите од БРИКС произведоа повеќе од…
Претседателот на Русија Владимир Путин денеска на…
35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ: УМЕТНОСТА ЈА КРШИ ТИШИНАТА
Скопје одбележа 35 години независност со уметност,…