Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме дека Цар Самоил бил владетел на средновековна држава која се дефинира како Бугарско царство
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член на Заедничката историска и образовна комисија меѓу Македонија и Бугарија го коментирал претстојното примопредавање на останките на цар Самуил од Солун во Софија. Според него, на официјално ниво од Македонија веројатно ќе има „повеќе молк“, но вели дека веќе се слушаат пораки со кои се доведува во прашање историската припадност на Самуил. Кајчев нагласил дека во 2019 година „Заедничката комисија постигнала договор дека Самоил бил владетел на средновековна држава, која поголемиот дел од современата историска наука ја дефинира како бугарско царство“.
„Самoил како симбол на нашата заедничка историја треба да нè обедини“, изјавил историчарот за „Euronews Bulgaria“.
Кајчев ги коментирал и повиците од Македонија, Бугарија да ги врати културните вредности однесени за време на војните. Тој истакналл дека за време на Балканските и Светските војни, „бугарските власти и војската зачувале голем број вредни ракописи и историски предмети, вклучувајќи ги и оние поврзани со Охридската архиепископија и цар Самуол“. Според него, правните прашања во врска со овие вредности се разјаснети, а односите во голема мера зависат од „добрата волја и доброто разбирање“ и од разбирањето дека историјата треба да обединува, а не да разделува.
Според историчарот, враќањето на посмртните останки е резултат на долг процес и тешки преговори, кои под водство на сегашната влада на Бугарија се постигнати конкретни договори со Грција. Кајчев ја опишал одлуката како „несомнен успех“ не само за бугарската дипломатија, туку и за Грција и целиот регион, нагласувајќи ја заемната корист од постигнатиот договор. Сепак, тој повика на избегнување на прекумерен триумфализам.
Во врска со односите со Македонија, Кајчев кажал дека историските спорови остануваат длабока причина за тензии меѓу двете земји. Историчарот потенцирал дека прашањето за Самоил веќе е решено во рамките на Заедничката историска комисија, но нејзината работа продолжува да „забавува“ околу настаните од 11 век, а следната средба е закажана за почетокот на ноември.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кајчев од Историската комисија: Во 2019 договоривме…
Бугарскиот историчар, Наум Кајчев кој е член…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Румен Радев ја повика Европа на дијалог…
Европската Унија треба да води дипломатски дијалог…
Бугарија се задолжува за нови 2,25 милијарди…
Бугарската влада во вторник се задолжи за…