КАЈ И ДА СИ, УТРЕ ВО ГРЦИЈА ДА НЕ СИ: Мега-штрајк поради железничката несреќа ќе го парализира јужниот сосед
Грција утре ќе биде без бродски и железнички сообраќај, во прекин ќе биде и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што ќе работат неколку часа за да им се олеснат на граѓаните да учествуваат во протестот.
Железничката несреќа со 57 жртви е главната причина одбележувањето на утрешниот Меѓународен ден на жената, синдикатите во Грција да го претворат во 24-часовен штрајк со закажани низа протести.
Грција утре ќе биде без бродски и железнички сообраќај, во прекин ќе биде и јавниот превоз во Атина, со исклучок на метрото и трамвајот што ќе работат неколку часа за да им се олеснат на граѓаните да учествуваат во протестот.
Во штрајкот учествуваат и синдикатите на вработените во државните болници, и во училиштата, како и студентски здруженија.
Штрајкот го закажа синдикатот на вработените во државниот сектор (АДЕДИ), соопштувајќи дека неколку часовниот прекин во работата за одбележување на Меѓународниот ден на жената, го претвораат во штрајк за сите заедно да побараат „да се стави крај на политиката на приватизацијата и да се додели вистинска одговорност за смртоносниот криминал кај Темпи“.
За утре напладне закажани се и протести, како во Атина, така и во останатите грчки градови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ама премирот наш најави бум: Светска банка…
Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…
Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…
Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…
Родители на починатите во пожарот во Кочани…
Родители на починатите во пожарот во клубот…
(Видео) Хаос во Тел Авив: Улици покриени…
Сцени на страв, хаос и вознемиреност ја…
Државата беше побавна затоа што мора да…
Нормално е граѓанскиот сектор да биде побрз…