Кај лице од Кавадарци во неговиот автомобил биле пронајдени пиротехнички средства

t

На 20.12.2024 во 10.55 часот на градскиот плоштад во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода Н.Б.(48) од Кавадарци, затоа што при извршениот преглед кај него и во неговото патничко возило биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства.

Потоа, по издадена судска наредба, бил извршен и претрес во неговиот дом, како и во објект на градскиот плоштад кој го користел, каде исто така биле пронајдени и одземени разни видови на пиротехнички средства. Вкупно биле одземени околу 9100 разни видови на пиротехнички средства.

По комплетирање на целокупната документација, во координација со јавен обвинител, против Н.Б. ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“ казниво по чл. 396 од КЗ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…

Во рамки на работната посета на Берлин,…

(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…

На социјалните мрежи се појавија информации и…

Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…

Во 2027 година возилата на Министерството за…

Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…

Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…

ЦУК побарал од Градот и од Општината…

Иако поминаа само неколку денови од последната…