Кај манастирот Високи Дечани уапсени три лица, на автомобилот им пишувало „Косово е Србија“
Три лица се уапсени во близина на манастирот Високи Дечани и задржани во притвор до 48 часа, бидејќи на возилото имале натпис „Косово е Србија“, соопшти регионалната дирекција на косовска полиција во Пеќ.
Портпаролот на косовска полиција за регионот на Пеќ, Фадиљ Гаши изјави дека се работи за автомобил со црногорски регистарски таблички.
„Полицијата наиде на автомобил со црногорски регистерски таблички на паркинг на кој пишуваше „Косово е Србија“. Полицијата успеала да ги идентификува осомничените и по интензивна работа привела три лица. Со нив е извршен разговор и со одлука на обвинителството им е одредена мерка притвор до 48 часа“ – рече Гаши.
Манастирот Високи Дечани денеска ја прослави славата на својот ктитор – Свети Стефан Дечански, а на литургијата присуствуваа неколку илјади верници, јавува Танјуг.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Марта Кос ѝ честиташе на Студентската листа:…
Марта Кос ѝ ја честиташе изборната победа…
(Видео) Мајка на загинат во Нови Сад:…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој…
Новите сопственици ја прекинаа програмата на ТВ…
Претставници на новата управа на ТВ Нова,…
Саичиќ: Вечерва славиме победа, од утре градиме…
Кандидатот за пратеник во Собранието на Србија…
Студентската листа води на изборите во Србија…
Студентската листа е победник на предвремените парламентарни…