Кај нас нема ни редовен воен рок: Русија воведува основна воена обука во училиштата
Рускиот министер за образование Кравцов одобри измени во училишната програма за образование, која сега ќе вклучува „основна воена обука“ како дел од руската верзија на одбраната и заштитата.
Во учебниците по историја се воведува ново поглавје, кое ќе се занимава со руската инвазија на Украина. Училиштата мора да ги усвојат новите програми до 1 септември 2023 година.
Во ноември, министерот Кравцов најави дека „злосторствата на режимот во Киев во Донбас“ ќе бидат одразени во руските учебници по историја.
Во октомври, претставниците на Државната дума Јана Лантатова и Владимир Павлов дадоа предлог да се вклучи „основната воена обука“ во училишната програма. Тоа, според нивното мислење, ќе доведе до „подобрување на моралното и патриотско воспитување на децата“ и ќе ја подобри нивната физичка подготвеност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…
Трамп ги замрзна санкциите кон Русија
Претседателот на САД, Доналд Трамп, го стопираше…
Украина нападна руска радарска станица вредна околу…
Украинските одбранбени сили синоќа нападнаа руска радарска…
Над 160 здравствени работници учеа да препозна…
Повеќе од 160 здравствени работници и соработници…