Кај нас пет метри асфалт е капитален проект: Албанија лансираше два сателити во орбитата!
Два албански сателити „Албанија 1“ и „Албанија 2“ беа лансирани во вторник од базата Кејп Канаверал на Флорида во рамки на мисијата „Транспортер-6“ на американската компанија Спејс Икс, соопшти албанскиот премиер Еди Рама.
Тој на социјалните мрежи истакна дека Албанија сега има повеќе високотехнолошки способности за контрола, заштита и управување со својата територија, обезбедувајќи витални податоци во реално време за голем број клучни аспекти за одржлив развој.
Албанските сателити беа ставени во орбитата со ракетата „Фалкон 9“, која како дел од мисијата „Транспортер-6“ треба да испорача во орбитата 114 микросателити и други вселенски летала.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Рама ја исклучи можноста за оставка, повика…
Албанскиот премиер Еди Рама повторно ги повика…
Осомничен за убиство во Македонија, турски државјанин…
31-годишен турски државјанин, кој бил баран со…
(Видео) Нова тепачка во албанскиот парламент: пратеници…
Пратеници од албанската опозиција утрово ја прекинаа…
Рама најави построги казни за протестите во…
Албанскиот премиер Еди Рама најави пакет законски…
Рама повторно повикува на дијалог: Подготвен сум…
Албанскиот премиер Еди Рама денес повторно повика…