Кај Орбан нема лабаво: Мирот во Украина ЗАВИСИ ОД АМЕРИКА!
Мирот во Украина зависи од Соединетите Американски Држави, а конфликтот ќе продолжи се додека Американците му даваат финансиска и воена помош на режимот во Киев, изјави унгарскиот премиер Виктор Орбана за весникот „Маџар немзет“.
Унгарскиот лидер изјави дека постои реална опасност од долгорочен конфликт во Украина.
– Украина ќе може да води војна се додека Соединетите Американски Држави ја поддржуваат со пари и оружје. Ако Американците сакаат мир, ќе има мир – рече Орбан.
Тој, исто така, додаде дека во оваа ситуација Унгарија дејствува исклучиво во свои интереси, кои не подразбираат прекин на дијалогот со Русија и покрај неодобрувањето од Брисел.
– Не е во наш интерес да ги прекинеме сите економски односи со Русија. На овие прашања гледаме низ наши очи, а не низ призмата на другите земји – рече Орбан.
Тој повтори дека Унгарија, водена од сопствените безбедносни интереси, нема намера да испорачува оружје на Киев.
– Унгарија одлучи дека тоа не е нејзина војна. Ќе и пружиме хуманитарна помош на Украина, имајќи ги предвид унгарските национални интереси – рече унгарскиот лидер.
Претходно Европската комисија блокираше 22 милијарди евра кои Унгарија требаше да ги добие од европските кохезиони фондови. Орбан истакна дека ЕК продолжила да ги блокира средствата бидејќи сака да влијае на позицијата на Унгарија за миграцијата, сексуалното образование и санкциите, но дека Будимпешта нема намера да ја промени својата позиција.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Исчезна 15 годишно девојче од Куманово
Девојче (15) доцна синоќа е пријавено за…
Бугарскиот печат и социолошките аналитичари за прогнозите…
Спроти вториот круг од изборите за седмиот…
Почина легендата на хрватската музика, Мишо Ковач
Според неофицијални информации до кои дошла „Слободна…
Француските средношколци и студенти повикаа на блокади…
Синдикатите на средношколците и на студентите во…
Тирана повторно во хаос: Молотови коктели врз…
Деветнаесетти ден од протестите во Албанија донесе…