Кање Вест најави нова андидатура за претседател на САД
Кање Вест најави дека повторно ќе се кандидира за претседател на САД. Раперот добитник на Греми рече дека работи на својата претседателска кампања за 2024 година, заедно со десничарот Мајло Јанопулос, јави ДПА.
Благодарам, прифаќам, вели Кање Вест (45) во видеото објавено во неделата, прашан дали официјално ја објавува својата кандидатура.
Раперот се кандидираше како независен кандидат и на претседателските избори во 2020 година и доби околу 70.000 гласови во 12 сојузни држави.
Последниве неколку седмици, Кање Вест се најде сред контроверзии поради „неколкукратни антисемитски“ коментари. Инстаграм и Твитер минатиот месец привремено го ограничија пристапот до неговите профили, а „Адидас“ ја прекина соработката со него.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Меланија Трамп: Речиси 800 луѓе беа евакуирани…
Речиси 800 лица беа евакуирани од градот…
ФСБ: Уапсен малолетник осомничен за подготовка на…
Руската Федерална служба за безбедност (ФСБ), заедно…
Иранската војска ги предупреди САД: Новата војна…
Портпаролот на иранската војска, бригадниот генерал Мохамед…
Десет американски воени транспортни авиони пристигнаа во…
Десет транспортни авиони на американските воздухопловни сили…
САД бараат од балтичките сојузници да не…
Официјални лица од Пентагон во последните недели…