Објавено на:

(Видео)Кевин Спејси призна: Во тој авион бевме јас, Епстин, Клинтон и група млади девојки

t

Американскиот актер Кевин Спејси (64) неодамна гостуваше во емисијата на британскиот новинар Пирс Морган (59), со кого го направи своето прво интервју откако беше обвинет за сексуален напад во 2017 година.

Меѓу другото, тој потврди дека еднаш бил во авион со осудениот педофил Џефри Епстин, поранешниот американски претседател Бил Клинтон и група „млади девојки“.

За време на интервјуто, објавено во вторникот, тој призна дека во 2002 година полетал за Африка со т.н. авион „Лолита експрес“ на Епстин, каде биле на осумдневна хуманитарна мисија.

Оскаровецот изјави дека за време на тоа патување не поминувал време со Епстин, туку дека генерално работел „со луѓе од фондацијата на Клинтон“. Спејси тврди дека осудениот педофил направил да се чувствува непријатно и верува дека милијардерот го „изложил претседателот на ризик“ бидејќи на тие летови им се придружувале „млади девојки“.

Ѕвездата од „Кула од карти“ („House of Cards“) објасни дека Клинтон го поканил на хуманитарна мисија во Јужна Африка за да ја подигне свеста за ХИВ и СИДА.

„Првенствено беше за свесност и превенција од СИДА. Тоа беше особено за мајките кои имаат ХИВ, па нашата мисија беше да им однесеме лекови со кои ќе го спречат пренесувањето на болеста кај нивните деца, па затоа реков: ‘Да, апсолутно’“, објасни Спејси.

Исто така, актерот тврди дека тогаш не знаел кој е Епстин, но дека авионот со кој летале бил во негова сопственост, па запознавањето било неминовно.

„Не го познавав. Никогаш не сум поминувал време со него. Не сакав да бидам во близина на тој човек бидејќи чувствував дека го изложи на ризик претседателот на САД на тоа патување, бидејќи тие млади девојки беа таму. Сите имавме слична реакција: ‘Кој е овој човек?’ Ме натера да се чувствувам непријатно“, раскажа актерот, а водителот Морган повторно го праша дали тие млади девојки биле со нив на тие летови.

„Имаше млади девојки на тие летови, да“, одговори Спејси, без да даде повеќе детали.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ова се најбогатите држави во светот, а…

БДП по глава на жител е груба…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Жена од Липково ја удрило струја додека…

Родителите од Кочани официјално побараа средба со…

Семејствата и родителите на починатите во пожарот…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Пакистан ги затвори сите гранични премини со…

Евростат со поразителни податоци за Македонија: Втора…

Согласно најновите податоци на Европската агенција за…