Објавено на:

Келнер и муштерија загинаа од куршуми наменети за кланот Каљеми во кафана во Албанија

t

Три лица загинаа синоќа во пресметка меѓу локални кланови на југот на Албанија, пренесуваат албанските медиуми.

Цел на пукањето во градот Мемаљиај, во областа Ѓирокастро, биле членовите на семејството Каљеми, кои биле во кафеана на роднини.

Постои сомневање дека напаѓачите пукале од калашникови, а загинал Шиќири Каљеми (74), додека неговиот брат е тешко ранет, наведува „Албанијан пост“.

Во престрелката загинале келнер и муштерија во локалот.

Постои сомневање дека членови на семејството Каљеми учествувале во убиството на бизнисменот Едмонд Папа во 2022 година, по што Шиќири Каљеми бил застрелан неколку пати.

По инцидентот, полицијата поставила контролни пунктови во градовите Фиера, Берат и Валона, а во блиското село било пронајдено опожарено возило „БМВ“ кое наводно го користеле сторителите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕУ го предложи Пабло Ернандес де Кос…

Европскиот совет го предложи шпанскиот економист Пабло…

Србија оди кон десничарско раководство: Ништо од…

Србија наскоро би можела да добие претседател…

Врховниот суд на Канада го потврди најголемиот…

Врховниот суд на Канада го остави во…

Со нож ја ограбил среде кафуле во…

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово…

Американската армија онеспособила брод што се обидел…

Армијата на САД вчера во Оманскиот Залив…