Киднапирање, уцени, закани и рекет: Како оперирал Арафат Муареми?

t

Текстот кој што следи потсетува на сценарио од евтина крими драма во која главните негативци се корумпирани државни службеници, а жртвите се луѓе кои се обидуваат да го почитуваат законот пред силата, уцените и заканите.

Пред два дена Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција изврши претрес во просториите на Финансова полиција и домот на директорот за Финансова полиција, Арафат Муареми по претходно добиена пријава за изнудување пари од физички и правни лица кои имале наводни истраги по анонимни пријави во Финансовата полиција.

Истрагата на ОЈО ГОК според информациите на Инфомакс е токму во насока на проверка на веродостојноста на анонимните пријави во Финансова полиција врз основа на кои Финансовата полиција постапувала, отварала предмети, а потоа „пријавените“ добивале непристојни понуди за исплата на неколку 10-тици илјади евра за пријавата против нив да исчезне.

Сомнежот е дека анонимните пријави ги фингирал токму Муареми и неговиот шеф на кабинет Љуљзим Јашари кои откако ќе таргетирале бизнисмен погоден да биде рекетиран вложувале фиктинвни анонимни пријави во финансовата полиција, а потоа со така отворен предмет ги уценувале и рекетирале бизнисмените.

За ситуацијата да биде уште подраматична Муареми и Јашари ниту бирале време, ниту место, ниту пак противник и жртва па така пред два месеци шефот на кабинет на директорот на Финансовата полиција и инспектор Љуљзим Јашари заработи кривична пријава за малтретирање во вршење на служба.

Јашари, имено на 29.04 буквално го киднапирал државните правобраните на подрачјето на Струга и Дебар обидувајќи се да изнуди од правобранителот негативно мислење за легализација на објект во Дебар кој ја имал целосната документација и морало да биде легализиран.

Малтретирањето на правобранителот во просториите на Финансова полиција во Скопје траело повеќе часа, а според кривичната пријава против Јашари тој и се заканувал на правобранителката дека доколку не го блокира предметот за легализација на објект на лицето Кастриот Села ќе и се случи „нешто лошо“ и ќе биде „колатерална штета“.

Ситуацијата со легализирањето на објектот на извесен Кастриот Села од Дебар одлично го опишува начинот на работа на двојникот Муареми и Јашари.

Легализација

На 16-ти мај 2022 година лицето Кастриот Села со решение на општина Дебар се здобило со право на сопственост на објект во центарот на градот по основ на легализација за што уредно ги исполнил своите обврски кон општината и државата, а на тоа место планирал да инвестира во нов објект.

Оваа бизнис иницијативата на Кастриот Села предизвикала интерес и кај двојникот Јашари, Муареми кои постапувајќи по анонимна пријава отвориле постапка за преиспитување на овој предмет со цел постапката да служи како параван за изнудување на пари од бизнисменот, лицето Кастриот Села.

Притисокот одел дотаму што повеќе од две недели, инспектори на Финансовата полиција ја блокирале општина Дебар притоа држејќи ги вработените во општината под постојан притисок и закана дека ако не им обезбедат доказ со кој ќе се поништи легализацијата и на нив ќе им се случи нешто лошо.

Оваа тактика ја употребиле претходно и против правобранителката која како што објаснивме била под закана да го поништи овој предмет иако за тоа немала правен основ.

За целото ова време лица кои тврделе дека се блиски со Муареми и Јашари преговарале со Кастриот Села, сопственик на сега легализираното земјиште за сума која би била доволна за овој предмет да исчезне од архивите на Финансовата полиција.

На 15.07.2022 година министерството за транспорт и врски и покрај притисоците на Муареми и Јашари ја одбива жалбата за укинување на оваа легализација со што уште еднаш ја потврдиле исправноста на постапката за легализација во корист на Кастриот Села.

Од ОЈО ГОК за Инфомакс досега немаат коментар на овие наводи, но велат дека истите ќе ги проверат и доколку се покажат како вистините ќе отворат истрага.

Пишува: А.Митовски

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Непалци и Филипинци работат во рестораните низ…

Непалци и Филипинци се вработуваат во угостителските…

(Видео) Изгаснат пожарот во Скопје, четири возила…

Пожарникарите успеаа да го изгаснат пожарот што…

Ванковска: Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување…

Раскинување на Договорот со Бугарија, преиспитување на…

(Фото+Видео) Убиецот на малата Данка Илиќ донесен…

Осомничениот за смртта на Данка Илиќ (2),…