(Видео) КИЕВ ВО ПЛАМЕН! Летаат ракети, се слушаат вресоци, има и загинати..

t

Киевските медиуми пренесуваат дека се слушнале две силни експлозии во центарот на Киев во околу 7 часот, а уште најмалку 2 експлозии, 45 минути подоцна. Еден од новинарите слушнал дека противвоздушната одбрана истрелала неколку проектили и бил сведок на една од експлозиите.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, на Телеграм ги повика жителите на главниот град да останат во засолништата и ги информирал дека се слушнале експлозии. Потоа во областа Днипро биле ангажирани и медицински екипи.

„Загинало и едно лице во ракетен напад врз јужниот град Миколаев, а десетици се повредени. Оштетени се најмалку 20 станбени згради. Има оштетени станбени згради. Дваесет се без покриви. Комуналните претпријатија веќе ги санираат оштетувањата на мрежите за гас и водовод. Има повредени, а едно лице е хоспитализирано. На другите им е укажана помош на лице место“, напиша градоначалникот на градот Олександр Синкивич на Телеграм и додаде дека хоспитализираниот маж подоцна починал.

Олех Синехубов, гувернер на Харковската област во североисточна Украина, рече дека руски проектили погодиле административен центар во градот Харков.

Цела Украина беше во состојба на готовност за воздушен напад од околу 6 часот наутро, а украинските воздухопловни сили на Телеграм предупредија за закана од руски ракетен напад. Експлозии и потреси се забележани и во областа околу градот Лавов.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…

Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…

Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…

Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…