Киев им понуди амнестија и пари на руските војници кои ќе се предадат: Одлучете, излезете без оружје, со бело знаме
Украина им понуди пари на руските војници и им вети имунитет од казна доколку се предадат, објави денеска германската агенција ДПА.
„Одлучете. Излезете без оружје, со бело знаме“, објави сношрти на Фејсбук министерот за одбрана Олексеј Резников.
На секој војник му се нуди сума која одговара на повеќе од 40.000 евра. Кампањата, наводно, е финансирана од меѓународната ИТ индустрија.
„Секој што ќе одбие да биде окупатор ќе донесе мир. Нема да има милост за оние кои го избираат патот на окупаторот!“, напиша министерот Резников.
Засега нема потврда дали некој од руските војници, кои се предаваат, навистина ќе ги добијат тие пари.
Според украински извори, досега се заробени најмалку 200 руски војници.
За време на испрашувањата, многумина кажале дека веруваат дека учествуваат во воени маневри, а не дека се испратени да се борат во Украина.
Според ОН, повеќе од 400 цивили веќе се убиени во воените дејствија на територијата на Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…