Киев Индепендент: Признавањето дека Крим е руски би било кршење на меѓународното право
Додека американскиот претседател Доналд Трамп го зголемува притисокот врз неговиот украински колега Володимир Зеленски да го прифати неговиот мировен план – кој вклучува признавање на рускиот суверенитет над анектираниот Крим, аналитичарите предупредуваат дека тоа би претставувало кршење на меѓународното право, пишува украинскиот весник „Киев индепендент“.
Русија го окупираше и анектираше Крим во 2014 година, но Украина сè уште го смета за своја територија, а мнозинството од меѓународната заедница одбива да го признае ова незаконско присвојување. „Формалното признавање на рускиот суверенитет сега би било јасно кршење на меѓународното право“, изјави за „Киев Индипендент“ Стефан Волф, професор по меѓународна безбедност на Универзитетот во Бирмингем.
„Малку е веројатно дека повеќето од преостанатите сојузници на Украина ќе го следат примерот, но земјите поблиску усогласени со Русија би можеле да го сторат тоа“, додаде тој.
Од друга страна, експертот за безбедност Арон Гаш Бурнет таквиот потег би го нарекол капитулација.
Тој вели дека предавањето на Крим на Русија „ќе ја отвори пандорината кутија на бројни глобални конфликти“.
– Авторитарните режими од ова би научиле дека сè што треба да направат е да го нападнат соседот, да го издржат притисокот и на крајот ќе бидат наградени за тоа. Тоа би била пораката што ја плаќа империјализмот, предупреди Барнет.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
„Путин нè тестира и нè приближува до…
Претседателот на Литванија, Гитанас Науседа, смета дека…