Објавено на:

Киев потврди: Сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција се Украинци

t

Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.

Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите.

Тој додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун.

– Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Грција во иднина би можела да се…

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска навести дека…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени ја…

Земјотрес со јачина од 4,2 степени според…

Трагедија во Грција: Хеликоптер се урна во…

Хеликоптер се урна во морето во близина…