Киев потврди: Сите членови на екипажот на авионот што се урна во Грција се Украинци
Сите членови на екипажот на украинскиот транспортен авион Антонов-12 што се урна во северна Грција се државјани на Украина, соопшти денеска портпаролот на украинското Министерство за надворешни работи, Олег Николенко.
Тој на својот Фејсбук профил соопшти дека прелиминарната причина за несреќата во која загинаа сите членови на екипажот е дефект на еден од моторите.
Тој додаде дека по инструкции на министерот за надворешни работи на Украина, Дмитро Кулеба, е формиран оперативен штаб во Конзулатот на Украина во Солун.
– Украинските конзули веќе пристигнаа на местото на несреќата и соработуваат со спасувачите и припадниците на грчката полиција со цел да се утврдат сите околности на инцидентот, изјави Николенко.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Грчкиот раст и натаму е над европскиот
Грција и натаму бележи повисок економски раст…
(Видео) Се снимал додека вози со неверојатни…
Снимка од грчки автопат привлече големо внимание…
Грција ќе ги штити своите F-35 со…
Грчките военовоздушни сили разработуваат план за заштита…
Во првите седум месеци од годинава Грција…
За 8,6 отсто се зголемил бројот на…
Пожарникар загина за време на спасувачка акција…
При операцијата за спасување и пренесување на…