КИЕВ ПРЕД ЦЕЛОСНО ПОМРАЧУВАЊЕ Пола од струјната мрежа во Украина беше уништена во руското гранатирање
За жал, Русија продолжува со ракетните напади врз украинската цивилна и критична инфраструктура. Речиси половина од нашиот енергетски систем е исклучен, рече премиерот Шмихал по состанокот со еврокомесарот за трговија, Валдис Домбровскис.
Градските власти во Киев денеска предупредија дека е можно „целосно замрачување” на електричната мрежа во главниот град на Украина, а премиерот Денис Шмихал изјави дека речиси половината од енергетскиот систем на земјата е оневозможен во руските напади.
Во изминатите неколку недели Русија ги засили нападите врз украинските енергетски капацитети, а во силните воздушни напади во вторникот и четвртокот беше погодена енергетската инфраструктура низ целата земја.
– За жал, Русија продолжува со ракетните напади врз украинската цивилна и критична инфраструктура. Речиси половина од нашиот енергетски систем е исклучен – рече премиерот Шмихал по состанокот со еврокомесарот за трговија, Валдис Домбровскис.
Киев е еден од најтешко погодените градови од нападите со ракети и беспилотни летала кои на моменти го прекинаа снабдувањето со електрична енергија, греење и вода и тоа во моменти кога се приближува зимата.
Инженерите брзаат да ја санираат електричната мрежа во главниот град, каде вчера падна првиот снег.
– Се подготвуваме за различни развојни сценарија, вклучувајќи го и целосното исклучување – рече Микола Поворжник, заменик-менаџер на градската администрација во Киев.
Тој не кажа што ќе се случи доколку електричната мрежа целосно се исклучи, но властите рекоа дека не размислуваат за евакуација на градовите.
Вчера во Киев падна првиот снег за годинава.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изминатото деноноќие уапсени 12 возачи – Десетмина…
Во текот на изминатото деноноќие на целата…
Промовирана интерактивна веб страница за западнонилска треска
Министерството за здравство денеска ја промовираше новата…
Тошковски: Сите 310 кандидати ќе бидат примени…
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, во…
Директорот на ПИОМ вели дека пензионерите го…
Фондот за пензиско и инвалидско осигурување годишно…
Насилно ја внел својата 17-годишна девојка во…
Полицијата во Велес приведе 21-годишен жител на…