Киев: Следи тежок период, многумина притискаат да преговараме
Претстојната политичка сезона ќе биде многу тешка за Киев бидејќи се повеќе земји ја повикуваат Украина да започне преговори со Русија, изјави шефот на украинската дипломатија Кулеба, пренесува „РБК Украина“.
„Ги предупредувам сите. Тие гласови се се погласни. „Ќе направиме се во рамките на меѓународното право и кривичното законодавство за да ги замолчиме тие гласови“, рече тој.
Претходно, во интервју за шпанскиот весник „Мундо“, Кулеба рече дека преговорите во Џеда, Саудиска Арабија, минатата недела биле „пресвртница“ за Киев, бидејќи покажале дека е можно да заврши планот на украинскиот претседател Володимир Зеленски за крај на војната.
Кулеба, исто така, тврди дека бројот на земји заинтересирани за самитите, каде Киев се обидува да добие широка меѓународна поддршка за клучните принципи за мирен крај на руската воена операција во Украина, „драстично се зголеми“ во последните недели.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…
Руски напади врз објект на „Нафтогас“ во…
Руските сили синоќа трипати нападнале објект на…