Киев: Украинските сили ги искористија вчерашните немири во Русија и напредуваа на источниот фронт
Војската на Украина соопшти дека за време на внатрешните немири во Русија, нејзините сили успеале да напредуваат долж источниот фронт.
– Војниците на (претседателот Володомир) Зеленски денеска постигнаа успех во близина на градот Бахмут на исток и во некои јужни области, изјави заменичката-министерка за одбрана Хана Малиар, пренесува Скај њуз. Покренавме офанзива во близина на група села околу градот. Напредувавме во сите овие области, додаде таа.
Олександар Тарнавски, командант на јужниот фронт, соопшти дека украинските сили ослободиле област во близина на Краснохоривка, западно од регионалниот центар Доњецк, кој е под контрола на Русија.
Тој рече дека областа била под руска контрола откако сепаратистичките сили ја презеле контролата врз неа во 2014 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
САД одобрија можна продажба на опрема за…
Пакетот што го побарала украинската влада опфаќа…
ЕУ предлага санкции за една банка и…
Европската комисија предложила воведување санкции за една…
Чупиќ за германски медиуми: Србија нема да…
„Во нашата изборна програма јасно ставивме до…
Русија подготвува нуклеарен сателит што може да…
Русија го завршила склопувањето на сателит опремен…
Видео: Украински пилот со авионски топ собори…
Украинското воено воздухопловство објави снимка од кокпитот…