Киев: Украинските сили го запреа рускиот напредок кај Покровск
Украинските сили успеаја да го запрат напредувањето на руските трупи на источниот фронт, а Генералштабот денеска соопшти дека тешката состојба во близина на Добропиља и Покровск „се стабилизира“.
Според портпаролот на Генералштабот, Андриј Ковалев, Првиот Азовски корпус на Националната гарда, заедно со соседните и подредени единици, им нанеле значителни загуби на противничките сили, при што биле заробени и неколку руски војници.
Во последните денови, руските единици напредуваа повеќе од 10 километри североисточно од Покровск во правец на Добропиља, што, според медиумски извештаи, укажува на можен пробив во Доњецката област.
Како одговор, Украина распореди резерви, вклучително и единици на Азов, познати по големото фронтовско искуство, откако силите во Покровск се соочија со закана од опкружување.
Украина веќе повеќе од три години се брани од целосната руска инвазија. Во февруари 2024 година, единиците на Третата јуришна бригада „Азов“ беа испратени во Авдивка за да спречат руска офанзива, но градот „падна“ неколку дена подоцна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ХАОС ВО ПЕНТАГОН: Американската војска се соочува…
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет наредил…
ПРЕСВРТ ВО ВАШИНГТОН: Трамп тврди дека не…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека во…
САЈБЕРНАПАДОТ ВРЗ ЕВРОПСКИТЕ СУПЕРМАРКЕТИ СЕ ШИРИ: Пријавени…
Серија пријавени сајберинциденти насочени кон системите за…
„Меѓуизбори 2026“: Американците утре избираат нов состав…
Во САД утре се одржуваат меѓуизбори (избори…
СИЛНИ ЕКСПЛОЗИИ ГО ПОТРЕСОА ИРАНСКИОТ ОСТРОВ КЕШМ:…
Серија силни експлозии е пријавена на иранскиот…