Ким Кардашијан бара нов спонзор: старлетата одби да соработува со Баленсијага

t

Шпанската модна куќа Баленсијага со години е меѓу најлуксузните.

Во последните неколку дена, брендот се најде на мета на критичарите поради рекламната кампања која беше лансирана. Овојпат децата беа во центарот на рекламата, а сцените не беа ни малку слатки, како што би се очекувало, а се поврзуваат со бројни несоодветни конотации.

Модната куќа потоа двапати се извини, но нивниот однос со познатите кои ги рекламираа и гордо ги носеа беше под знак прашалник.

Една од нив секако е Ким Кардашијан, која испрати и порака во која го кажува своето мислење за целиот случај. Ријалити ѕвездата, наводно, одбила понуда од Баленсијага и договор за 2023 година, откако објавила дека го „преиспитува“ своето партнерство со модната куќа по нивниот скандал, пишува “Page Six”.

Според “TMZ”, брендот и` пристапил на Кардашијан со понуда пред да се појават контроверзните слики, но таа одбила набргу по почетокот на кампањата. Ким (42) наводно отфрлила голем број облека од Баленсијага што планирала да ги носи на претстојните настани и веќе се обратила до други дизајнери.

„Последниве неколку дена бев тивка, не затоа што не бев згрозена и огорчена од неодамнешните кампањи на Баленсијага, туку затоа што сакав да имам можност да разговарам со нивниот тим за да разберам сама како тоа можеше да се случи. Како мајка на четири деца ме потресоа вознемирувачките фотографии. Безбедноста на децата мора да има највисоко почитување и секој обид за нормализирање на злоупотребата на деца од кој било вид не треба да има место во нашето општество – точка“, напиша Ким на социјалните мрежи,

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фокс Њуз за првиот круг од претседателските…

Македонија ќе оди во вториот круг од…

Грчки воен брод пресретна дронови на Хутите…

Грчки воен брод во служба на поморската…

Татково на Вања излегува од затворот во…

Врховниот суд ја уважи жалбата за притворот…

Бурен изборен ден во тетовско, инциденти за…

Вчера во 22.15 часот во Гостивар, полициските…

Приведен криминалец баран со потерница

Вчераво 17 часот во Тетово полициски службеници…