Кина апелира Русија и Украина да не дозволат прелевање на конфликтот
Шефот на кинеската дипломатија, Ванг Ји, во денешниот говор на генералната дебата на сесијата на Генералното собрание на ОН ги повика Украина и Русија да не дозволат „прелевање“ на војната.
„Ги повикуваме сите заинтересирани страни да го спречат прелевањето на кризата и да ги заштитат легитимните права и интереси на земјите во развој“, истакна Ванг, додавајќи дека приоритет е „олеснување на мировните преговори”.
Кинескиот министер за надворешни работи апелираше на „мирно решение на украинската криза преку фер и прагматични разговори“.
Кина е официјално неутрална, но западните земји понекогаш ја обвинуваат дека е премногу помирлива кон Русија.
Во Њујорк, Ванг се сретна со својот украински колега Дмитро Кулеба, кому му пренесе дека Пекинг повикува на почитување на „територијалниот интегритет на сите земји“.
Ванг за време на говорот го спомена Тајван, наведувајќи дека Кина мора „цврсто да се бори против сепаратистичките активности на Тајван и да преземе решителни активности за да се спротивстави на надворешното мешање“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Русија нападна брод под либериско знаме во…
Русија нападнала товарен брод под либериско знаме…
Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз…
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска најави…
Русија ги повика странците и дипломатите да…
Русија денес објави дека ќе продолжи да…
Млада лаборантка почина од чума во Русија,…
Жена почина од белодробна чума во регионот…
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…