Кина би можела да организира мировна конференција со Русија и Украина
Кина би можела да организира мировна конференција на која ќе учествуваат Русија и Украина, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за новинската агенција РИА. Лавров рече дека таквиот потег ќе биде продолжение на напорите на Пекинг за решавање на украинската криза.
„Ние го делиме ставот на Кина дека првенствено треба да се решаваат основните причини за конфликтот и да се заштитат правните интереси на сите страни, со последователни договори засновани на принципот на еднаква и неделива безбедност“, рече Лавров во интервју за агенцијата. „Да нагласам уште еднаш, тоа подразбира почитување на реалноста на теренот, која ја одразува волјата на луѓето кои живеат таму“, додаде тој.
Русија постојано повикува на преговори под услов Киев и Западот да ги признаат нејзините територијални придобивки во Украина. Киев ги отфрли тие предлози. Лавров ги критикуваше САД дека и помагаат на Украина, велејќи дека Вашингтон станал „учесник во злосторствата на режимот во Киев“.
Тој исто така рече дека Русија ја смета планираната испорака на борбени авиони Ф-16 со нуклеарно вооружување на Украина за „сигнална акција“ на НАТО. „Тие се обидуваат да ни кажат дека САД и НАТО нема да запрат пред ништо во Украина“, рече Лавров.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Етиопија и Еритреја трупаат војска, расте стравот…
Етиопија и Еритреја распоредиле дополнителни сили долж…
Илон Маск: „Премногу се зборува дека Украина…
Американскиот милијардер и сопственик на компанијата „Спејс…
Путин ја презема одговорноста за нападите на…
Рускиот претседател Владимир Путин призна дека Москва…
Oбид за убиство во гостиварско Чегране
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе…
Димовски: Србија го следи примерот на македонската…
Политичките случувања и протестните движења во Србија…