Кина вели: Воспоставете независна држава Палестина!
Кинеското Министерство за надворешни работи денеска соопшти дека официјален Пекинг е длабоко загрижен поради ескалацијата на тензиите и насилството меѓу Палестина и Израел, оценувајќи дека решението на конфликтот е во формирањето на независна држава Палестина.
„Ги повикуваме страните да останат смирени, да покажат воздржаност и веднаш да ги прекинат воените дејствија, со цел да се заштитат цивилите и да се избегне дополнително влошување на ситуацијата“, се вели во соопштението на кинеското Министерство.
Забележано е дека обновениот конфликт уште еднаш покажува дека долгорочното замрзнување на мировниот процес не може да трае.
„Основниот излез од конфликтот лежи во спроведувањето на решението за две држави и формирањето на независна држава Палестина“, соопшти кинеското Министерство за надворешни работи.
Се нагласува дека меѓународната заедница треба да дејствува поитно, да овозможи продолжување на мировните преговори меѓу Палестина и Израел и да се најде начин да се постигне траен мир.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Протест на земјоделците од струмичко, бараат повисока…
Само неколку дена траеше договорот за откупната…
Сите државни ресурси ангажирани на терен за…
Од утринските часови продолжуваме со интензивни активности…
(Видео) Украински пилот со „бакнеж на смртта“…
На социјалните мрежи се прошири видео на…
(Видео) Торнадо го погоди југозападот на Франција,…
По серијата пожари, Франција се соочи со…
Кос: Не смееме да прифаќаме тројански коњи…
Комесарот за проширување на ЕУ, Марта Кос,…