Објавено на:

Кина ги надмина очекувањата за опоравување на економијата во август

t

Кина во петкот објави податоци за економското опоравување за месец август по отворањето на нејзините пазари по строгите карантини за време на пандемијата со ковид. Податоците покажуваат дека во август кинеската економија ги надминала очекувањата на надлежните економски институции. Овој раст се случува по неколкумесечното стагнирање на кинеската економија која излезе пред неколку месеци од строгите мерки на властите поради пандемијата кои премногу ја закочија.

Податоците покажуваат дека кинеската економија го надминала најтешкиот период од фазата на опоравување и со тоа ги поби како апсурдни, предвидувањата на западните експерти и медиуми дека кинеската економија е пред распаѓање, рекоа аналитичарите.

Растот во индустријата и продажбата на добра во кинеската економија ги надмина очекувањата на кинеските економски експерти и податоците ја обновуваат довербата во кинеските пазари, со што покажуваат дека кинеската економја е на добар пат за целосно опоравување и на брзо достигнување на високите стапки на раст како пред пандемијата.

Сепак кинеските власти најавија дека ќе продолжат со нивните политики за директна владина поддршка на економијата, бидејќи според нив Кина уште се наоѓа во критичен период со комплексни меѓународни случувања во полето на трговијата и со намалување на светската побарувачка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Маск во ненајавена посета на Кина

Сопственикот на „Тесла“, „SpaceX“ и на социјалната…

(Фото+видео) Торнадо ја опустоши јужна Кина, падна…

Пет лица загинаа вчера во торнадо во…

Кина: Ние не ја предизвикавме украинската криза,…

Кина не ја предизвика украинската криза и…

Блинкен: Ако Кина не го реши проблемот…

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен се закани…

Си Џипинг: Кина и Америка треба да…

Кина и Америка треба да бидат партнери,…