Кина: Започнавме специјална поморска операција во близина на Тајван
Овие две земји, имено, планираат да започнат преговори за поморските граници во таа област и подлабоко да ги поврзат своите одбранбени сили, објавува Блумберг. Кинеското Министерство за транспорт организираше „специјална операција за спроведување на поморскиот сообраќај“ во саботата, објави официјалната новинска агенција Ксинхуа.
Според истиот извештај, потегот има за цел спроведување на „поморската административна надлежност“ на Кина и заштита на националните интереси. Овој потег на официјален Пекинг претставува силна ескалација и директен одговор на најавата на Токио и Манила дека ќе седнат за решавање на граничните спорови.
Овие разговори се однесуваат на водите источно од Тајван, самоуправна демократија што Пекинг ја смета за своја територија. Споменатата област се преклопува и со ексклузивните економски зони што ги бара Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведени 16 возачи, дури 14 управувале без…
Полицијата во изминатото деноноќие привела 16 лица…
Над 1.000 случаи на западнонилска треска во…
Најмалку 1.086 лица се заразиле со вирусот…
Рама: Најдобриот пат кон ЕУ е постепена…
Aлбанскиот премиер Еди Рама денеска повика на…
Жена доживеала ужас: Била нападната и малтретирана…
На 04.09.2026 во 19:45 часот во ПС…
Скопјанка пријавила дека сопругот ја нападнал, но…
На 04.09.2026 во 12:36 часот во СВР…