Кина му одговори на СЗО: Да, се шири, но …
СЗО соопшти дека Кина му одговорила на барањето да му достави податоци за новата заразна болест која се шири во таа земја.
Како што потоа било наведено од Светската здравствена организација, податоците кои им се доставени сугерираат на тоа дека случаите на зараза, која најмногу ги погодува децата и поради која болниците се веќе полни, се поврзани со укинувањето на ограничувањата за ширење на ковид и со кружењето на познати патогени.
Најчесто, како што се наведува, станува збор за вирусот микоплазма пневмонија, вообичаена бактериска инфекција, која обично го погодува децата, а во Кина кружи уште од мај.
Кина во петокот повикала на внимание бидејќи бран на респираторни болести ги погодил училиштата и болниците, а СЗО, која од владата побарала податоци за болеста, рекла дека не се откриени никакви необични или нови патогени.
Кина се бори со пораст на респираторни болести додека влегува во својата прва полна зимска сезона, откако во декември ги укинала строгите ограничувања поврзани со Ковид-19, а бројот на заразени деца посебно е висок во северните подрачја како Пекинг и покраината Лиаонинг, каде болниците предупредуваат на долги чекања.
Државниот совет соопшти дека грипот ќе го достигне пикот оваа зима и пролет и дека инфекцијата и натаму ќе биде висока во некои подрачја.
И Кина и СЗО се соочиле со прашања за транспарентност во известувањето за најраните случаи на Ковид-19 кога се појавиле во Вухан кон крајот на 2019-та.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Марко Колев го остави Велес без еколошка…
Зеленски и Трамп разговараа за потенцијално заедничко…
Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека…
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот
Тајланд ќе го рекриминализира канабисот Потегот за…
Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…
Република Македонија мора да покаже политичка волја…