Кина најави санкции против американски компании за продажба на оружје на Тајван
Кина најави санкции против пет американски компании во одредените индустрии како одговор на американската продажба на оружје на Тајван и американските санкции за кинески компании и поединци. Санкциите ќе ги замрзнат сите средства што ги имаат компаниите во Кина, а на кинеските организации и поединци ќе им биде забрането да работат со нив, се вели во соопштението на кинеското Министерство за надворешни работи.
Санкции се изречени за компаниите „BAE Systems Land and Armament“, „Alliant Techsystems Operation“, „AeroVironment“, „ViaSat“ и „Data Link Solutions“.
Министерството за надворешни работи соопшти дека потезите на САД му наштетиле на суверенитетот и безбедносните интереси на Кина, го нарушиле мирот и стабилноста низ Тајванскиот теснец и ги прекршиле правата и интересите на кинеските компании и поединци.
„Кинеската влада останува цврста во својата определба да го заштити националниот суверенитет, безбедноста и територијалниот интегритет, како и легитимните права и интереси на кинеските компании и граѓани“, се вели во соопштението.
Кина смета дека Тајван, кој прогласи независност, е дел од нејзината територија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Адвокатот на Палевски предлага ослободителна пресуда
Адвокатот Јовица Страшески на денешното судско рочиште…
Гужва на граничните премини: На Богородица задржувањето…
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
Падот на рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ е реален,…
(Видео) „ВМРО-ДПМНЕ подготвува криминал тежок 2 милијарди…
„СДСМ денес алармира за сериозен сомнеж за…
Производителите на пченица се во загуба ако…
Благојче Богоески е млад земјоделец од село…