Објавено на:

Кина на самит Г77+Кина со глобалниот југ во Куба

t

Западот воден од САД е во обид да го спречи развојот на земјите во развој додека траат големи глобални геополитички превирања, истакнаа набљудувачите на самитот помеѓу Кина и глобалниот југ, кој треба да се одржи деновиве во Хавана, Куба.

Самитот во Хавана има за цел да се избори со суштинските проблеми со кои се соочуваат земјите од „Глобалниот југ“, како што себе си се нарекуваат земјите во развој.

Самитот Г77+Кина треба да продуцира зедничка декларација која би ги вклучила целите и принципите на овој блок за адресирање на потребите на земјите во развој, додека заедништвото на земјите од Глобалниот југ се соочени со огромни предизвици во ек на големите геополитички превирања во светот, истакнаа дипломати и експерти.

Создадена во 1964-та година групата Г77 сега има над 130 членови со ротирачко претседателство кое се менува помеѓу членките од Азија, Африка и Латинска Америка. Во моментов со групата до крајот на годината претседава Куба и самитот ќе ги собере на едно место делегациите од преку 100 земји, заедно со претседатели и премиери на повеќе од 30 земји, според пишувањата на медиумите.

Иако Кина официјално не е член на групата, секогаш ги застапувала и ги поддржувала интересите на групата и нивните легитимни барања, со што одржува добри односи со групата земји во развој преку рамката Г77+Кина, соопштија медиумите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кина и Велика Британија треба да ги…

Кина и Велика Британија треба „да ги…

Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…

Венко Филипче кој има главна улога во…

Бројот на жртви од поплавите во Непал…

Бројот на жртви од катастрофалните поплави на…

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е на иста линија со…

ВМРО-ДПМНЕ ја обвини опозициската СДС дека со…

САД: Кинески хакери упаднале во мрежи на…

Кинески хакери упаднале во сервери на американскиот…