Кина негира дека преговарала со САД за царините
Кина денеска негираше дека разговарала со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп за царините, велејќи дека секоја идеја за напредок по ова прашање е неоснована, пренесе „Бета“.
„Позицијата на Кина е конзистентна и ние сме отворени за консултации и дијалози, но секоја форма на консултации и преговори мора да се води врз основа на взаемно почитување и на еднаков начин“, рече портпаролот на Министерството за трговија Хе Јадонг.
Коментарите од Кина доаѓаат откако Трамп денеска изјави дека работите се одвиваат „многу добро со Кина“ и дека конечната царина за кинескиот извоз ќе се намали „значително“ од сегашните 145 проценти.
Трамп им рече на новинарите претходно оваа недела дека „сè е активно“ на прашањето дали е во контакт со Кина, иако американскиот министер за финансии рече дека нема официјални преговори.
Запрашан за негирањето на Кина дека се водат разговори со САД, Трамп рече: „Тие имаа состанок утрово“, пред да додаде: „Не е важно кои се тие“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…
Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД им се заканија на Германија и…
Владата на САД ги предупреди Германија и…
Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…
Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…
Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…
Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…