Објавено на:

Кина: Никогаш не треба да се започне нуклеарна војна

t

Официјален Пекинг реагираше на одлуката на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Како што рече портпаролката на кинеското Министерство за надворешни работи, Мао Нинг, никогаш не треба да се започне нуклеарна војна, а страните треба да се фокусираат на дипломатско решение на украинската криза.

„ На 3 јануари минатата година, лидерите на државите со нуклеарно оружје издадоа заедничка изјава во која се вели дека е невозможно да се победи или да се води нуклеарна војна. Во соопштението се нагласува дека војните меѓу државите кои поседуваат нуклеарно оружје треба да се избегнуваат и да се намалат стратешките ризици“, рече таа, одговарајќи на барањето на „Спутник“ да ја коментира позицијата на Кина во однос на одлуката на Русија да распореди тактичко нуклеарно оружје во Белорусија.

Портпаролката нагласи дека во сегашните околности сите страни „треба да се фокусираат на дипломатските напори за мирно решавање на украинската криза и заедно да работат на смирување на ситуацијата“.

Рускиот претседател Владимир Путин во саботата изјави дека Москва и Минск се договориле да распоредат тактичко нуклеарно оружје во Белорусија без да ги прекршат меѓународните обврски. Путин објасни дека Русија не го предава своето нуклеарно оружје на Белорусија, туку го прави она што САД го прават со години. Според него, изградбата на магацинот за тактичко нуклеарно оружје во Белорусија ќе биде завршена на 1 јули.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОГРОМЕН УСПЕХ ЗА МАКЕДОНСКИОТ СПОРТ: Во преполната…

Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски вечерва славеше со…

Буркина Фасо ги забрани радио станиците Би-Би-Си…

Буркина Фасо ја забрани работата радио станиците…

Петровска: ВМРО-ДПМНЕ го замениле името Македонија во…

Вечерва во ТВ соочување во емисијата само…

Пендаровски во Крушево: Не ни помислувам да…

Кандидатот на СДСМ за претседател на Македонија,…

Се јави Бучковски: ЗНАМ на Максим Димитриевски…

И на изборите во 2006 година имаше…