Кина: Нуклеарно оружје ќе се користи само за самоодбрана и никогаш прво
Кина постигна „импресивен напредок“ во развојот на ново нуклеарно оружје, но ќе го користи само за самоодбрана и никогаш нема да го користи прво, изјави кинескиот министер за одбрана Веи Фенгхе пред делегатите на дијалогот Шангри-ла во неделата.
Како одговор на прашањето за извештаите минатата година за изградба на повеќе од 100 нови нуклеарни ракетни силоси на истокот на Кина, тој рече дека Кина „отсекогаш следела соодветен пат за развој на нуклеарни капацитети за заштита на нашата земја“.
Тој додаде дека нуклеарното оружје прикажано на воената парада во Пекинг во 2019 година – кое вклучуваше надградени лансери за кинеските интерконтинентални балистички ракети DF-41 – било оперативно и распоредено.
„Кина ги развива своите способности повеќе од пет децении. Праведно е да се каже дека има импресивен напредок“, рече тој. „Кинеската политика… е конзистентна. Ние ја користиме за самоодбрана. Нема да бидеме првите што ќе користиме нуклеарно (оружје).“
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…