Кина почна нови воени вежби околу Тајван
Кина започна воени вежби околу Тајван, со кои симулира заземање и блокада на области од островот. Во вежбите учествуваат копнената војска, морнарицата, воздухопловните сили и ракетните единици, објави Би-би-си.
Од Народноослободителна армија на Кина соопштија дека активностите имаат за цел тестирање на борбената подготвеност и испраќање „строго предупредување“.
Кинеските власти тврдат дека Тајван е нивна територија, и остро се спротивставуваат на напорите на островот да ја зајакне својата одбрана. Тајванската претседателска канцеларија ги критикуваше најавените вежби, оценувајќи ги како предизвик за регионалната стабилност.
Министерството за одбрана на Тајван соопшти дека уторово биле забележани кинески воени авиони и бродови околу островот, по што биле распоредени сопствени сили и ракетни системи за следење на ситуацијата.
Кинеското Министерство за надворешни работи ги нарече вежбите „строга казна за сепаратистичките сили што бараат независност со сила“ и упати предупредување до „надворешните сили“ да не го користат Тајван за, како што велат, „ограничување на Кина“.
Кинеските власти го обвинуваат тајванскиот претседател Лаи Чинг-те дека промовира независност, што тој го негира, нагласувајќи дека Тајван веќе функционира како суверена држава.
Во неодамнешно интервју, Лаи изјави дека Тајван мора постојано да ја зголемува својата одбранбена подготвеност за да ја одврати можната инвазија, но истакна дека неговата администрација нема намера да ја провоцира Кина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…