Објавено на:

Кина предупредува дека предложената забрана за ТикТок ќе „наштети“ на САД

t

Пекинг денеска предупреди дека предложената забрана за апликацијата за споделување видео, ТикТок, во кинеска сопственост, „неизбежно ќе има контраефект на штета на Соединетите држави“.

Претставничкиот дом на САД денеска треба да гласа за нацрт-законот со кој апликацијата ќе ја принуди да ги прекине врските со кинескиот сопственик или ќе се соочи со забрана во САД.

Пред гласањето, портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи, Ванг Венбин, ја осуди предложената забрана.

– Иако Соединетите Држави никогаш не пронајдоа докази дека ТикТок ја загрозува американската национална безбедност, тие не престанаа да го уништуваат ТикТок. Овој тип на насилно однесување што не може да победи во фер конкуренција ги нарушува нормалните деловни активности на компанијата, ја нарушува довербата на меѓународните инвеститори во инвестициското опкружување и му штети на нормалниот меѓународен економски и трговски поредок, додаде тој.

Тој предупреди дека на крајот тоа неизбежно ќе им наштети на самите САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската црковна делегација стаса во Москва за…

Македонската црковна делегација, предводена од митрополитот Дебарско-кичевски…

Муцунски изрази солидарност со Холандија и Шведска…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија,…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

Полицискиот синдикат застана во одбрана на полициските…

„Антропик“ со 81,3 милијарди долари го собори…

Американската компанија за развој на вештачка интелигенција…