Кина против проширување на НАТО: Западот да се откаже од менталитетот на студена војна
Кина смета дека проширувањето на НАТО не придонесува за глобалната безбедност и стабилност, се вели во соопштението објавено на официјалната веб-страница на кинеската мисија во ЕУ.
„Триесет години по крајот на Студената војна, НАТО продолжува да го проширува својот географски простор и опсег на операции, справувајќи се со блок-политиката и конфронтациите. Тоа не придонесува за глобалната безбедност и стабилност“, се вели во соопштението.
Кинеската страна нагласува дека регионалната безбедност не треба да се обезбедува со зајакнување или проширување на воените блокови.
„Го повикуваме НАТО да се откаже од менталитетот на Студената војна и идеолошките предрасуди, да ги почитува суверенитетот, безбедноста, интересите, како и различноста на цивилизациите, историјата и културата на другите земји“, се вели во текстот.
Да потсетиме, претседателите на Русија и Кина, Владимир Путин и Си Џинпинг, на 4 февруари во Пекинг потпишаа Заедничка изјава за меѓународните односи кои се на прагот на нова ера и глобален одржлив развој.
Во документот, меѓу другото, се нагласува дека двете земји се против натамошното проширување на НАТО и се повикува Алијансата да го запре пристапот од времето на Студената војна.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина и Велика Британија треба да ги…
Кина и Велика Британија треба „да ги…
Руте: Сојузниците на Украина немаат избор освен…
Сојузниците на Украина немаат друг избор освен…
Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…
Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…
Лефков: Талогот на СДС и Филипче за…
Венко Филипче кој има главна улога во…
Фон дер Лајен и Руте ќе разговараат…
Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер…