Објавено на:

Кина: Трамп нè покани во Комитетот за мир

t

Кина денес соопшти дека САД ја поканиле да се приклучи на „Мировниот комитет“, иницијатива на американскиот претседател Доналд Трамп насочена кон решавање на конфликтите низ целиот свет, но не кажа дали ќе ја прифати поканата.

„Кинеската страна ја прими поканата од американската страна“, изјави Гуо Џиакун, портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, на редовната прес-конференција.

Сепак, тој не кажа дали Пекинг ќе ја прифати поканата.

Кина традиционално им дава безусловна поддршка на Обединетите нации, вклучително и на Советот за безбедност, кој веќе има задача да го одржува меѓународниот мир и безбедност.

Телото што Трамп го нарече „Комитет за мир“ првично беше замислено да ја надгледува реконструкцијата на Појасот Газа.

Сепак, нацртот на нејзината „повелба“ открива иницијатива и мандат што одат многу подалеку од прашањето за палестинската територија и се однесуваат на придонесот кон решавањето на вооружените конфликти низ целиот свет. Затоа, се чини дека претставува замена за Обединетите нации.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Американско-украинскиот фонд го склучи првиот голем договор…

Заедничкиот американско-украински инвестициски фонд за обнова го…

Кина прекина со извоз на горива поради…

Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…

САД им се заканија на Германија и…

Владата на САД ги предупреди Германија и…

Номинираниот амбасадор на САД во Бугарија: Во…

Номинираниот за нов амбасадор на Соединетите Американски…

Трамп најави планови за јужнокорејски инвестиции од…

Американскиот претседател Доналд Трамп во средата најави…