Објавено на:

Кина ја предупреди Полска “да не се меша кадешто не ѝ е местото”

t

Кинеската амбасада во Варшава денеска одговори на изјавата на полскиот премиер Матеуш Моравјецки дека Кина ќе го нападне Тајван доколку Украина ја загуби војната против Русија, велејќи дека се работи за политичка манипулација.

„На 13 април, полски владин функционер отворено ги спореди прашањата на Тајван и Украина и изнесе неосновано тврдење дека ако Украина ја загуби војната, копното Кина ќе го нападне Тајван следниот ден“, се вели во соопштението.

Се додава дека секој обид да се поврзе прашањето на Украина со ситуацијата во Тајван е политичка манипулација со скриени мотиви зад себе.

„Тоа е безумно газење на принципите на националниот суверенитет и територијален интегритет и флагрантно мешање во внатрешните работи на Кина“, соопшти кинеската амбасада, пренесе Ројтерс, пренесе Танјуг.

Моравјецки претходно изјави дека поразот од Украина може да претставува почеток на крајот на „златното доба“ на Западот.

„Ако ја изгубиме Украина, тогаш ќе бидеме без мир во следните децении. Неуспехот во Украина може да биде почеток на крајот на златното доба на Западот“, рече Моравјецки за време на неговата посета на САД.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Си Џинпинг пристигнува во САД на 23…

Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе отпатува во…

„Кинезите нè јадат за појадок“: Германската автомобилска…

Во разговор зад затворени врати со висок…

Автобус од Полска излета од пат во…

Дванаесет лица загинаа, а најмалку десет се…

Туск: Полска не сака војна, но ја…

Полска не сака нови битки и се…

Полска спречи атентат врз американско-украински државјанин, Туск…

Полскиот премиер Доналд Туск денеска соопшти дека…