Кинезите возвратија на царините на САД: Дали ова е крајот?

t

Кина денеска соопшти дека ќе ги зголеми увозните царини за американската стока – од досегашните 84% на 125%. Новата одлука стапува на сила од 12 април и претставува директен одговор на потегот на американскиот претседател Доналд Трамп, кој претходно ги зголеми царините за кинеските производи на вкупно 145%.

„Доколку САД продолжат со воведување нови царини на кинеската стока која се извезува во Америка, Кина тоа ќе го игнорира“, се наведува во соопштението на Државниот совет на Кина, што го пренесе новинската агенција Синхуа.

Од Пекинг сметаат дека натамошно зголемување на американските царини веќе нема економска логика и, како што велат, би станало „виц“ во историјата на светската економија, пренесе CNBC.

Кинескиот претседател Си Џинпинг претходно изјави дека неговата земја „не се плаши“ од трговската конфронтација, во својот прв јавен коментар откако тензиите со САД се засилија и предизвикаа големи потреси на меѓународните пазари, зголемувајќи го стравот од глобална рецесија.

„Во трговската војна нема победници. Спротивставувањето на целиот свет само води кон изолација“, му порача Си на шпанскиот премиер Педро Санчез за време на нивната средба во Пекинг, пренесе државната телевизија CCTV.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Продолжува потрагата по 27-годишниот Шемо Шабани од…

Речиси еден месец нема трага од 27-годишниот…

Египет стави исламско здружение од Македонија на…

Македонско исламско здружение се најде на списокот…

Уапсен поранешен српски министер на аеродромот во…

Поранешниот министер за економија и поранешен директор…

Овозможена исплата на плати преку „Алта банка“,…

Компаниите што во последните три месеци редовно…

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче и Заев да одговорат дали…

СДС и Венко Филипче што со демагогии,…