Кинеската амбасадорка во Белград: Кина го поддржува територијалниот интегритет на Србија
Амбасадорката на Кина во Србија, Чен Бо, по средбата со српскиот претседател изјави дека за официјален Пекинг ситуацијата на Косово е многу загрижувачка.
„Забележавме дека Вие претседателе и Владата на Република Србија направивте многу за смирување на тензиите. „Кинеската страна ги поддржува напорите на Србија за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет и се спротивставува на едностраните акции на привремените институции во Приштина, кои ги повикува да ги исполнат своите обврски“, рече таа.
Вучиќ истакна дека Србија има голема доверба во правичноста на пријателска Кина и почитување на нејзината искрена заложба за еднаквост на сите земји во светот, без разлика на големината и бројот на жители.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Уапсени се петмина онлајн предатори во Србија:…
Српската полиција денеска спровела голема акција во…
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
Србин насилно отворил резервоар од охридско „порше“…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против М.С.(37)…
Еден месец пред изборите, Вучиќ најави помилувања…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денес објави…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…