Кинеската компанија BYD се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили
Кинеската компанија BYD се израмнува со Tesla во однос на продажбата на електрични автомобили. Според прогнозите на Blumberg, Tesla би можел да ја загуби предноста веќе во тековниот квартал.
Форбс е малку повнимателен, но и тој предвидува дека разликата меѓу американскиот и кинескиот производствен гигант за електрични возила ќе биде значително помала во 2024 година.
Според таа прогноза, приходите на Tesla од продажбата на електрични автомобили ќе бидат 114 милијарди долари во 2024 година, а приходите на BYD ќе бидат 112 милијарди долари.
Претседателот на руската групација на компании Фаворит Моторс, Владимир Попов, смета дека BYD има многу реални шанси да го престигне Тесла, пренесува Комерсант.
„Соодносот цена-квалитет јасно зборува во корист на Кина. Ниту една компанија не може да има толкав обем на производство како производителите во таа азиска земја“, тврди Попов.
Според него, клучните предности на Кина се огромниот домашен пазар кој е силно поддржан од државата и големите инвестиции во таканаречените гигафабрики за производство на батерии за електрични автомобили.
„Нереално е да се натпреварува со кинеските производители на електрични возила“, заклучи Попов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Три месеци демнеел жена и ѝ упатувал…
26-годишен жител на Кочани се соочува со…
Стотици илјади Украинци останаа без струја по…
Новите руски напади врз енергетската инфраструктура во…
Полските медиуми објавија вознемирувачки изјави за напаѓачот…
Во пукање на главниот плоштад во Краков,…
Напад врз нафтениот гигант „Арамко“ во Ријад,…
Канцелариите на „Сауди Арамко“ (Saudi Aramco) во…
„Системот се вика патријархат и е смртоносен“:…
„Не бараме сочувство, бараме одговорност“ – е…