Кинескиот претседател му донесе вредни подароци на Вучиќ
За време на официјалната посета на Белград, кинескиот претседател Си Џинпинг на српскиот претседател Александар Вучиќ му подари скулптури на Небесниот храм во Пекинг и Храмот на Свети Сава изработени од челик.
Фотографија на која Си Џинпинг и Вучиќ, во присуство на нивните сопрузи, ги гледаат подароците, на интернет објави помошникот министер за надворешни работи на Кина, Хуа Чунјинг.
Таа во најавата наведе дека на скулптурите се претставени небесниот храм во Пекинг и храмот Свети Сава во Белград, што означува кинеско-српско пријателство.
Таа додаде дека фабриката Смедерево е симбол на кинеско-српската соработка на големи проекти и дека во две земји се негува приказната за тоа како челичарницата носи просперитет на целиот град.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Видео) Се запали висококатница во Кина, загинаа…
Пожар избувна во висока станбена зграда во…
Трамп, Путин и Си Џинпинг на иста…
Кина потврди дека се водат разговори за…
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
Во Кина 110 хуманоидни роботи поставија Гинисов…
Во кинескиот град Џинан, во провинцијата Шандонг,…
Кинеската економија порасна за 4,5% благодарение на…
Кинеската економија во периодот јули–септември пораснала за…