Кинески медиуми: ЕУ ќе ѝ сврти грб на Украина?
Европската унија има се помалку можности да ја финансира Украина поради неуспехот на украинската армија и заморот предизвикан од долгорочниот конфликт, пишува кинескиот весник „Глобал тајмс“.
„Неодамна стана јасно дека Европа е уморна од украинската криза. Ова се манифестира и во форма на намалени можности за поддршка за Киев и во намаленото одобрување на таа помош кај јавноста“, се наведува во весникот.
Западот не успеа да ја постигне зацртаната цел, да ја победи Русија, поради што неговиот став за конфликтот во Украина почна да се менува, пишуваат авторите.
Западните земји веројатно, како што се наведува во текстот, ќе ја поттикнат Украина на преговори и компромиси, а сето тоа создава сериозни тешкотии за Киев.
„Сега проблемот е каде Зеленски може да добие оружје за вооружените сили на Украина. Нема да биде лесно, бидејќи само неколку земји во светот ги имаат потребните производствени капацитети“, пишува весникот.
Претходно германскиот министер за одбрана Борис Писториус изјави дека Европската унија нема да може да достави милион единици муниција во Киев во ветениот рок.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украина и Канада потпишаа Декларација за стогодишно…
Украина и Канада денеска потпишаа голем број…
Кина со амбициозна цел: 70 отсто од…
Кина постави цел до 2030 година електричните…
Превозниците нема да ги блокираат границите, ќе…
По остварена средба со претставници на дел…
ЕУ ветува 6,1 милијарда евра за Украина,…
Европската унија ќе ѝ обезбеди на Украина…
Камионџиите од регионот најавуваат блокада на граничните…
Превозниците од Македонија, Србија, Босна и Херцеговина…