Кинески производител на автомобили лансираше сателити за автономно возење
Кинескиот производител на автомобили Zhejiang Geely по прв пат успешно во ниската земјина орбита лансираше девет сателити кои ќе ги поврзе во сателитска мрежа за да осигура прецизна навигација за своите автономни возила. Сателитите GeeSAT-1 беа лансирани од центарот Xichang во Сечуан. Geely соопшти дека очекува до 2025 година во орбитата да лансира уште 63 сателити, а крајната планирана констелација треба да има 240 сателити.
Geely со тоа стана вториот голем производител на автомобили кој почнува бизнис во вселената. SpaceX, во сопственост на извршниот директор на Teslа, Илон Маск, во орбитата има над 2.000 сателити за Starlink вселенскиот интернет. Starlink планира нивниот број да го дуплира на 4.408 сателити.
Додека SpaceX лансира сателити со сопствени ракети, Geely ги лансираше со ракетата Long March 2C, која ја направи и со која управува кинеска државна комапнија. Освен поддршка за прецизно позиционирање на автономните автомобили, од Geely велат дека нивната мрежа ќе слуѓи и за други комерцијални функции, како што е комуникација на Азиските игри во септември.
Сателитите имаат работен век од пет години и потоа ќе се распаднат во Земјината атмосфера, што значи дека нема да се претворат во отпад.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Кина прекина со извоз на горива поради…
Кинеските рафинерии го прекинаа извозот на нафтени…
САД и Кина се договорија да ги…
САД и Кина се договорија да ги…
Кинески хакер нападна над 100 компании користејќи…
Агенти со вештачка интелигенција (ВИ) од компании…
Си Џинпинг до Трамп: Односите меѓу Кина…
Американскиот претседател Доналд Трамп и неговата сопруга…
Трамп: Вештачката интелигенција ќе биде главна тема…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека вештачката…