Кираџиева: Се расплакаа и полицајците кои по должност, се поставени да ги штитат криминалците во зградата зад нив

t

Активистката на Левица, Весна Кираџиева, на Фејсбук сподели потресно сведоштво од вчерашните протести пред Владата и Основното јавно обвинителство, по повод скандалите на Клиниката за Онкологија.

Како што вели Кираџиева, полицајците кои биле присутни пред Владата се расплакале по исповедта на мајка чија ќерка се бори со рак…

Во продолжение објавата на Кираџиева:

– Се расплакаа и полицајците кои по должност, се поставени да ги штитат криминалците во зградата зад нив. 🖤

На исповедта на оваа напатена мајка, чијашто ќерка се бори за живот на онкологија, а чија терапијата ѝ ја смениле без објаснување, не останаа рамнодушни ни полицајците кои стоеја пред влада.

„Сѐ ни земаа, што ни оставија веќе, уште душите да ни ги земат. Па јас детето ако си го изгубам, што ќе правам? Што чекате бре луѓе, што молчите, каде сте? Да чекам ли да ја изгубам ќерката, како ти мајка ти што ја изгуби?“, (се однесува на Александар Кочоски, дечкото кој го држи микрофонот, а чијашто мајка ја погребавме пред три недели, по само еден недела од првата хемотерапија).

Треба да си монструм за да не те допрат зборовите и солзите на овие мајки, синови, ќерки чии најблиски ги изгубиле животите прерано, поради профит и бизнис со Косовари.

Утре ова нѐ чека сите нас, ако нема одговорност и со ваков народен молк и без поддршка на протестите. Да ве прашам, она што прашуваше и мајкава низ солзи:

КАДЕ СТЕ БРЕ ЛУЃЕ, ШТО ЧЕКАТЕ?! – напиша Кираџиева на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Левица поднесе законски измени за 50 годишна…

Делегацијата на Левица го напушти официјалниот дел…

Левица ја напушти прославата на Мечкин Камен,…

Апасиев: Левица е на местото каде велешкиот…

Левица е на местото каде велешкиот комунист…

Левица и Апасиев му честитаа победа на…

Левица и претседателот на Партијата проф. д-р…

Невидена криза за студентски легла – Мециновиќ…

По информацијата за само 2 583 студентски…