Кирби: Можно е следните денови по сто камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Газа
Белата куќа верува дека е можно во следните неколку дена 100 камиони со хуманитарна помош дневно да влезат во Појасот Газа, изјави портпаролот на Советот за национална безбедност на Белата куќа, Џон Кирби.
Претседателот на САД, Џо Бајден пред два дена побара „значително и итно“ зголемување на протокот на помош за опколената палестинска територија.
Според податоците на ОН, акутниот недостиг на гориво во Појасот Газа веќе влијае на снабдувањето со вода на населението.
Лазарини: Актуелниот систем за помош на Појасот Газа е осуден на неуспех.
Сегашниот систем на обезбедување помош за Појасот Газа преку граничниот премин Рафах е осуден на неуспех, предупреди директорот на Агенцијата на Обединетите нации за помош на палестински бегалци (УНРВА), Филип Лазарини.
– Сегашниот систем за помош на Газа е осуден на неуспех, освен ако не постои политичка волја да се осигури дека протокот на помош е значителен, сразмерен на невидените хуманитарни потреби, наведе Лазарини.
Тој го осуди „колективното казнување“ од страна на Израел.
– Да бидеме јасни, неколкуте конвои дозволени низ Рафах не се ништо во споредба со потребите на повеќе од два милиона луѓе заробени во Газа, посочи Лазарини.
Тој повика на „итен хуманитарен прекин на огнот, што е прашање на живот и смрт за милиони луѓе“.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израел уби висок командант на Хамас во…
Израелската армија во петокот соопшти дека убила…
22.233 ученици се регистрирани за новата учебна…
Директоратот „Текума“, задолжен за обновата на заедниците…
Нова пратка со 900 тони хуманитарна помош…
Уште една, нова пратка со 900 тони…
„Хамас“ се согласи да ја предаде власта…
„Хамас“ се согласил да ја предаде власта…
Израел нападна полициска станица во Газа –…
ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…