Објавено на:

Кирби: САД истражуваат за наводна употреба на американски воени возила во нападот на руска територија

t

Вашингтон ги разгледува извештаите за тоа дека американски борбени возила биле употребени од Украина во Русија, изјави денеска Џон Кирби, советник за стратешки комуникации во Белата куќа.

На брифинг за новинарите тој истакна дека САД јасно му ставија до знаење на Киев дека не подржуваат каква и да било употреба на опрема произведена во САД за такви цели.

Ова доаѓа откако Кремљ изјави дека употребата на американска воена опрема од страна на проукраинските борци кои неделава извршија вооружен напад во рускиот пограничен регион во близина на Белгород е доказ за сѐ поголемата вклученост на западот во конфликтот во Украина.

Руски воени лица синоќа изјавија дека наводно ги пронашле милитантите кои го нападнале регионот на Белгород со оклопни возила, и дека убиле повеќе од 70 „украински националисти“, а дека останатите избегале назад.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…