Кирби: САД и понатаму ќе оперираат во водите на Црното Море
САД оперираат во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави денеска Џон Кирби, портпарол на Националниот совет за безбедност во Белата куќа.
Изјавата на Кирби доаѓа откако два руски ловци Су-27 принудија американски дрон М-Кју 9 „Рипер“ да се урне во водите на Црното Море.
Ќе оперираме и понатаму во меѓународните води, Црното Море е дел од меѓународните воздушни граници и дронот се наоѓаше во тој простор, изјави тој на денешниот телефонски брифинг за новинарите.
Пентагон инцидентот го опиша како „непрофесионално, неодговорно и еколошки штетно однесување“ на Русија.
Руски и американски воздухоплови се активни над Црното Море од почетокот на војната, но ова е прв таков инцидент со потенцијал да ја ескалира ситуацијата меѓу двете конфронтирани страни, во време кога се водат борби во источна Украина.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вероника Консевиќ обезбеди бронза за Македонија во…
Македонија освои уште еден медал на Медитеранските…
Србија набавува офанзивно оружје, тоа треба да…
Европа мора да ја зајакне сопствената безбедност…
Зеленски: Велика Британија и Франција го деблокираа…
Украинскиот Претседателот Володимир Зеленски денес изјави дека…
Елмас официјално претставен во дресот на Аталанта:…
Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас вечерва на…
Утре без струја делови од Скопје, Тетово,…
Поради планирани зафати на електродистрибутивната мрежа, утре,…