Објавено на:

ОГРОМНО ПРИЗНАНИЕ ЗА НАЈДОБРИОТ МАКЕДОНСКИ РАКОМЕТАР: Лазаров влезе во Куќата на славните на ЕХФ!

t

Најдобриот македонски ракометар на сите времиња и актуелен селектор, Кирил Лазаров, ја доби честа да се најде меѓу првите 30 ракометари кои денеска ќе бидат примени во ново формираната „Куќа на славните“ на Европската ракометна федерација (ЕХФ).

Ова ќе биде само дел од вечерашната церемонија во Виена наречена „Награди за најдобрите“, која се очекува да стане традиционална во организација на европската Куќа на ракометот. Лазаров е еден од тројцата десни бекови кои ќе влезат во историјата, заедно со Олафур Стефансон и Ласло Наѓ. Тој е и единствен Македонец на оваа листа на бесмртните, меѓу кои од тие што се познати на нашата спортска јавност е и поранешниот голман на Вардар, Арпад Штербик. Меѓу тие што ќе влезат во „Куќата на славните“ се и легендарните Талант Душебаев, Ирфан Смаилагиќ, Ивано Балиќ и Филип Јиха.

Меѓу бесмртните ќе влезат и 30 ракометарки, меѓу кои нема Македонка, но има имиња кои настапувале во македонските клубови како Ања Алтхаус и Едуарда Аморим Талеска.

Извор: sport1.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАТО ГО ОТКАЖА САМИТОТ ВО ТИРАНА: Рама…

НАТО се откажа од одржувањето на самитот…

Илон Маск на удар на демократите, почнуваат…

Лидерот на демократите во Претставничкиот дом, Хаким…

Одржан координативен состанок во Тетово за превенција…

Во просториите на Општина Тетово се одржа…

ПРИЈАВЕНИ ПРОБЛЕМИ СО GOOGLE, AMAZON И MICROSOFT:…

Пријавени се проблеми во работењето на услугите…

Израел ќе се приклучи на нападите врз…

Израелската армија проценила дека во моментов нема…