Кирии во Скопје: Центар и Карпош скапи, Кисела Вода најповолна
Во пресрет на новата учебна и академнска година, се засилиува побарувачката за станови за изнајмување во Скопје. Цените на кириите зависат од повеќе фактори. И натаму најголем е интересот за станови во Центар, Аеродром, Карпош, Кисела Вода…
Согласно анализата на агенцијата за недвижности во Скопје и околината „Левел“:
реклама
Центар и Карпош се најскапи (410 € до 590 €)
– Следува Аеродром како нешто поефтин (410 € до 530 €)
– Кисела Вода е најповолна (350 € до 430 €).
– Кога ги споредуваме цените, гарсоњера во Центар чини 320 евра, што е само 14% поскапо од истиот тип стан во Кисела Вода каде чини 280 евра. Оваа релативно мала разлика од 40 евра месечно може лесно да се компензира со заштедите на транспорт, време и енергија. За студент или млад професионалец кој работи во центарот, дополнителните 40 евра всушност претставуваат инвестиција во квалитет на живот, велат од оваа агенција.
– Висината на кириите во Скопје варира според големината на станот (број на соби и спални) и според населбата. Сепак изборот на стан за изнајмување не треба да зависи само од цената на киријата, туку од целокупниот семеен и професионален контекст, нагласуваат оттаму.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Израелскиот претседател му го довери мандатот на…
Израелскиот претседател Исак Херцог денеска му го…
Отпорноста на бактериите на антибиотици е сè…
Отпорноста на бактериите на антибиотици, која во…
Ердоган разговараше со Трамп: Турција ќе продолжи…
Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во телефонски…
Малолетник нападнат во училиште, соученик го удирал…
На 06.11.2026 во 17:45 часот во СВР…
Иран и Русија планираат изградба на гасовод…
Иран планира во соработка со Русија да…